Во пресрет на зимската туристичка сезона, екипите на КЈП “Водовод” Кочани започнаа акција за расчистување на комунален смет од Осоговските планини
Редовни теренски работни активности на Секторот Комунална хигиена на 15 ноември 2024 година за расчистување на отпад на Осоговските планини
Екипите на Сектор Комунална хигиена во соработка со Општина Кочани во текот на изминатите неколку денови покрај редовните работни активности, извршија чистење на повеќе диви депонии во градот, но беше исчистена и дивата депонија на Осоговските планини каде беа подигнати околу 20 m3 различен отпад кој граѓаните неправилно го одлагаат до садовите за отпад на паркингот и на аеродромот.
![]()
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот !!!
-стои во соопштението на КЈП “Водовод” Кочани упатено до јавноста во врска со оваа акција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово