БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки немаше време од говорница да ги наброи сите проекти кои ги реализира Владата само за оваа година за граѓаните низ цела држава

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претеникот во Македонскиот Парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во текот на денешната комисиска расправа за буџетот на Владата за 2025 година наведе повеќе аргументи со кои се обидува да ги убеди малкумината пратеници од СДСМ да гласаат за овој најзначаен документ за граѓаните и државата за наредната 2025 година. Според Ковачки на тој начин пратениците на СДСМ ќе покажат дека ги поддржуваат сите проекти со кои значително ќе се подобри стандардот на граѓаните, и покрај тоа што владиното мнозинство има повеќе од потребното мнозинство од 61 пратениза изгласување на буџетот.

„Го слушав Венко Филипче и излагањата на опозицијата деновиве и сите се држат дека буџетот бил мегаломански, дека бил нереално планиран и недомаќински. Една структура која направи хаос во државата, партали ја направи државата и ја испокраде дојде ред да зборува за домаќинлук, мегаломанство и за планирање. Мегаломански 30 милијарди евра потрошија, а не направија ниеден проект. Дали некој се сеќава дека имаат нешто направено во оваа држава за седум години? Нема такво нешто, а 30 милијарди евра отидоа во неповрат“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната расправа на надлежната собраниска комисија на која се расправаше за буџетот за 2025 година.

Ковачки објасни што се е предвидено во предлог буџетот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Во предлог буџетот предвидено е зголемување на пензиите за 2,500 денари дополнително, значи да се реализира она предизборно ветување од 5,000 денари во првата година од мандатот а ќе го реализираме за 9 месеци, е за тоа нема да гласа Венко Филипче и неговата политичка номенклатура. Нема да гласаат за зголемување на платите за 5%, а до крај на мандат 46% и ќе се испочитува колективниот договор. Зборувате за покачување на платите во полицијата, па 10% кажуваме дека ќе ги зголемиме, предвидени се пари во буџетот“, посочи Ковачки.

Ковачки посочи дека со негласање за предлог буџетот СДСМ се и против младите.

„СДСМ под раководство на Венко Филипче кои нема да гласаат за буџетот ќе бидат и против изградбата на студентските домови кои веќе се отпочнати значи и против младите се. Нема да гласаат ниту за ваучерите од 250 евра кои треба да ги добие секој студент“,

-рече Драган Ковачки во обид да издејствува разаум кај малкумината пратеници од СДСМ

Понатаму во своето обраќање Ковачки ги изнареди дел од проектите кои што се реализираат со сретства од Владата само оваа 2024 година а за догодина се очекува сумата на инвестиции да се мултиплицира.

Целото обраќање на Драган Ковачки од говорницата на Комисујата за буџет и финансирање во Македонскиот парламент погледнете ја во продолжение:.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace