Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска управуваше со меѓусекторска работна група во врска со измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.
“Денеска одржав работен состанок со меѓуресорската работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, каде што работевме на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.
Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како “Безбеден град”.
Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност.
Ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да ја подобриме безбедноста на патиштата и да го намалиме бројот на жртви.”
-информираше за јавноста Министерот Тошковски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција