Денеска во рамки на малата свеченост која се реализираше по повод започнувањето на градежните работи за доградба на капацитетите на ООУ “Ацо Шопов” во Радишани Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со уставните измени за внесување на бугарите во уставот и дали очекува некакво придвижување на интеграциите до крајот на тековната 2024 година рече:
“Не знам дали ќе има некаков напредок, но промена на нашата поизиција нема да има.
Овој одговор на Премиерот Мицкоски следува по неуспешниот трет обид да се избере Претседател на Бугарскиот Парламент по неодамнешните парламентарни избори на кои победи партија Герб на Бојко Борисов.
На новинарското прашање дали можеби се планираат уставните измени тој одговори негативно.
„Не, тоа секако не се планира. Туку, не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ, да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети“, рече Мицкоски.
Тој најави дека во декември два пати ќе престојува во Брисел, каде ќе може повторно да разговара за нашето прашање поврзано со деблокада на евроинтеграциите.
„Ќе се бориме и битно е да победуваме, и мислам дека од поразите што ги нижевме изминативе седум годии постепено полека излегуваме од таа летаргија и почнуваме да победуваме, малку ситно, но победуваме. Тоа е нашиот план, таа е нашата агенда“,
-рече Мицкоски рече по присуството на поставување камен темелник за надградба на училиште во скопски Бутел.
Целата изјава од денешниот настан на Премиерот Мицкоски погледнете ја во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година