Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска присуствуваа во населбата Радишани во Скопје каде што беа дел од настан за започнување на доизградбата на просторните капацитети на Основното Општинско Училиште “Ацо Шопов” во оваа населба.
За присутните медиуми и целокупната јавнот Премиерот Мицкоски ја даде следната изјава:
„ Почитувани претставници на медиумите, почитувани приустни, навистина денеска претставува за мене посебен ден бидејќи овде во ова населено место, во ООУ „Ацо Шопов“, започнува еден проект, една надградба која што во многу нешта ќе го олесни животот на радишанци, на бутелчани, но во исто време ќе овозможи пристојни услови за другарување, за школување, за растење на децата коишто своето образование ќе го завршат овде во ова основно училиште во населбата Радишани, односно „Ацо Шопов“.
Јас можам да кажам дека секој еден нов проект којшто го правиме за Македонија, секој еден нов проект што го создаваме отпочеток претставува посебна радост и задоволство бидејќи тоа е она го очекуваат граѓаните од нас.
Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Министерството за образование и наука, да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата којашто неуморно работи во општина Бутел. Навистина се прават исклучително брзи и квалитетни чекори во насока на подобрување на условите за живот на нашите граѓани кога станува збор за образованието и науката, за школување и другарувањето на нашите најмили, децата. Јас сум убеден дека во периодот којшто следи ќе имаме уште многу вакви проекти ширум цела Македонија.
Овде во општина Бутел, во самиот говор градоначалникот кажа кои се проекти коишто се тековни, финансирани од општинскиот буџет, но и финансирани од буџетот на Владата. Министерството за финансии исто така министерката даде еден краток осврт за сето она што се прави низ целата територија на државата и она што ќе се прави.
Така што навистина инспиративно е да се слушаат сите овие работи дека ќе се случуваат. И тоа го препознаваат граѓаните и го одобруваат. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме, да создаваме бидејќи тоа е она за што отприлика пред шест месеци граѓаните ја дадоа довербата.
Нема да шпекулираме, нема да се сведе нашата работа на дневна политика туку на создавање нови нешта, нови проекти. Така што еве јас уште еднаш честитам, посакувам уште многу дечиња да го завршат своето образование тука.“
-рече Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по што одговараша на новинарски прашања.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година