БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во МАНУ одржана работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“

Rabotilnica organizirana od ICAL pri MANU i ISPPI pri UKIM na tema "Posebnosta na makedonskiot jazik i politichkiot govor na omraza".

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 21 ноември 2024 година во МАНУ беше одржана работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“ во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ.

На работилницата обраќања имаа акад. Катица Ќулавкова на тема „Оспорувањето на јазилниот идентитет како политички говор на омраза“, проф. д-р Ганка Цветанова за „Македонското прашање во контекст на политичкиот говор на омраза“, проф. д-р Елеонора Серафимовска и проф. д-р Маријана Марковиќ за „Трансгенерациската политичка траума на македонскиот народ како резултат на негирањето на посебноста на македонскиот јазик и политичката легитимност на македонската нација“, м-р Соња Миленковска за „Прагматичните теории и дискурсите на моќ“, доц. д-р Милка Димитровска за „Говорот на омраза кон македонскиот јазик: помеѓу правото и политиката“, акад. Марјан Марковиќ за „Македонските дијалекти во бугарската пропаганда“ и д-р Давор Јанкулоски за „Македонскиот јазик во печатот на КПГ (1950–1970)“.

Извор: МАНУ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот