Во јужниот дел на зоната Лесна Индустрија во Кочани, се асфалтира улицата „Новопроектирана 1“, којашто е продолжение на претходно изградениот дел од неа.
Градежните работи за оваа улица опфатија рамнење и набивање на тлото, поставување рабници и сливни решетки и нивелирање на шахтите за атмосферска и за фекална канализација.
Улицата е долга 100 м, широка 7,5 м, изведувач на работите е „Гама градба“ од Скопје, вредноста на објектот е 3.200.000 денари.
Извор: Општина Кочани
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за голема граѓанска акција за пошумување на опожарени површини во делчевско, се очекува присуство на Премиерот
Најава за Јавна расправа како патоказ за затварање на Градската депонија во Кочани
Министерството за транспорт инвестира над 1,2 милиони евра за изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа за граѓаните на Штип