БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Мировниот корпус на САД  Дејвид Рисајд, потпишаа Меморандум за соработка, со што беше потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји и соработката во различни области.

Во наредниот период над триесет нови волонтери на Мировниот корпус ќе престојуваат во општини во земјава и ќе бидат вклучени во локалните заедници. Волонтерите преку соработка со локалната администрација, училиштата и граѓански организации ќе имаат можност да го научат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, но и да споделат искуство и да помогнат во изучувањето на англискиот јазик.

Мировниот корпус на САД, обучува и ангажира доброволци за давање меѓународна развојна помош и реализира Програма за развој на заедницата, која се фокусира на организациски развој и градење капацитети на единиците на локалната самоуправа, центрите за регионален развој, невладините организации и младински центри.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од 10 декември 36 лица на волонтерска основа ќе работат во два сектора, унапредување на наставата и инклузивното образование во основните и средни училишта и во секторот Развој на заедниците во невладини организации и во администрацијата на општините Росоман, Пехчево и Зрновци.

„Заемната размена на искуства и знаење е добредојдена и за двете страни. Оваа мисија значително ќе помогне за зајакнување на капацитетите на нашите општини, невладините и младинските организации, а во голема мера ќе придонесе и за унапредување на инклузивното образование во интерес на локалното население и општеството во целост“, изјави министерот Перински, кој се заблагодари за досегашната и идна соработка.

Соработката со Мировниот корпус во рамките на програмата за развој на заедницата е започната во 2005 година. Низ годиниве во рамки на соработката, 91 волонтер работеле во 49 општини низ земјава, а само во последниве години волонтирале 25 лица.

Креирано од:


Пренеси го гласот