Во свое гостување неодамна на една од националните телевизии Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за тековните активности кои ги превзема тој и надлежните во министерствот се однесуваат на обезбедување на брз проток во вистинска смисла на зборот на територијата на Македонија на стоки и патници, што ќе значи понтензивен развој на економијата и сообраќајот.
Тој спомена дека во моментов се работи на неколку проекти кои ќе го забрзаат протокот на добра и патници на граничните премини.
“ Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е “new single window” – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Тие што го работат ова многу добро знаат за што зборувам сега бидејќи сега се оди по десетици шалтери на граничните премини и на тој начин камионскиот превоз ќе се забрза и дополнително се воведува и зелена лента. Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори”- истакна вицепремиерот Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена