БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Изградбата на брза пруга на Коридор 10 ќе генерира огромни економски бенефити за Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Коага Александар Николоскиза првпат започна да зборува за изградба на брза прига и за поврзување на Србија Македонија и Грција со еден ваков капитален проект, тогашните власти на СДСМ и ДУИ ваквите изјави ги земаа со подбивност и несериозност.

Сега кога Николоски е во најзначајната функција во Министерството за транспорт ваквите најави дадени од пред 3-4 години имаат сериозен прогрес во воспоставувањето на финансиски и оперативни планови за брзата пруга која ќе значи патување помеѓу Скопје- Солун или Скопје-Белград за многу кусо време за сите граѓани.

Дополнително голем дел од оние кои имаа можност во изминатите 7 години да направат нешто по ова прашање за актуелизација и унапредување на сообраќајните врски по Коридорот 10, денес, откако може да се забележи политичката волја на Министерот Николоски и Премиерот Мицкоски за брза реализација на овој значаен проект, кобат во јавноста за тоа како Македонија ќе биде заобиколена на мапата на најзначајни балкански сообраќајни правци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден зборувам за изградба на брза пруга, затоа што сакам да избегнам заобиколување на Македoнија и доколку ја изградиме може да генерираме огромни економски бенефити од истата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потенцираше дека во моментов се работи на неколку проекти кои ќе го забрзаат протокот на добра и патници на граничните премини.

“ Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е “new single window” – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Тие што го работат ова многу добро знаат за што зборувам сега бидејќи сега се оди по десетици шалтери на граничните премини и на тој начин камионскиот превоз ќе се забрза и дополнително се воведува и зелена лента.  Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори”- истакна вицепремиерот Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace