Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ одговорија на соопштението упатено до јавноста од страна на СДСМ во кое опозициската партија предводена од Венко Филипче ја обвини власта за проблеми со собраќајот поради снежните врнежи:
“Лешинарската политика на Венко Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари.
За разлика од минатите години кога снегот беше прилика СДС да краде, сега институциите делуваат. Наспроти голата реторика на СДС и Филипче, еве ги фактите:
Битолската подружница има поставено 370м3 сол и ризла, од Тетово – Стража 400м3 сол и ризла, Штип, Берово, Кочани и Делчево 300м3 сол и ризла.
Згрозени сме од лешинарската политика на СДС и Венко Филипче.
Тие од снежната бура прават политика, што само потврдува дека тонат во сопствената безидејност.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу: Извештајот на странските експерти потврди девет од вкупно 13 кардиохируршки случаи – почнавме процес за изработка нови протоколи, формиран е национален харт тим и засилени механизми на контрола
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Советот за рамномерен регионален развој
Николоски: Доброто планирање е клучно за реализација на капиталните инвестиции. До сега во министерството реализиравме 75 %, подготвени сме за повеќе ако буџетот дозоволува