БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги решава наталожените проблеми во земјоделството што се создадени од неспособноста на СДС

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од ВМРО-ДПМНЕ на прозивките на Трајан Димковски од СДСМ во врска со состојбата со откупот на оризот одговорија со свое соопштение во кое што ги наведуваат дел од мерките и активностите кои што ги превземале како партија во однос на поддршка на работата на земјоделците во првите 6 месеци од мандатот на актуелната влада.

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ упатено во јавноста:

“Креирањето на вештачка криза од страна на СДС не поминува. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наталожените проблеми од неспособноста на СДС во земјоделството се решаваат.

Земјоделците за овој краток период почувствуваа што значи помош од државата.

За 6 месеци се исплатија сите заостанати субвенции и се започна со тековна исплата.

Имено, се исплати финансиска поддршка од износ од 1.7 милијарда денари на околу 78.000 земјоделци за тековната 2024 година. 

За изминативе 6 месеци од кога е формирана Владата на ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.

За прв пат се утврдија и откупни цени за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка. 

Владата им излезе во пресрет и на тутунарите со што откупната цена на тутунот се зголеми од 375 на 400 денари за прва класа. Дополнително Владата ќе ја зголеми и субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, што значи дека заедно со откупната цена и субвенциите секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун.

Заврши и времето кога јаболкото се фрлаше по буништа. Се утврди и минималната откупна цена за јаболката.

Дојде време кога гласот на македонскиот земјоделец се слуша.

Со тоа што проблемот што го остави СДС со оризот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го решава, оризарите нема да бидат заборавени. Оваа Влада се грижи за земјоделците и не ги остава на цедило како претходната власт на СДС.”

-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace