Денеска во рамки на нивните работни обврски неколкумина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание остварија значајна средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот Републикански Институт, и Џемс Карафано од Херитиџ фондацијата.
Пратеникот Драган Ковачки за оваа средба информираше преку социјалните мрежи за која рече дека е значајна за јакнењето на меѓународната позиција на МАкедонија.
“Денес имавме значајна средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на IRI, и Џемс Карафано од The Heritage Foundation.
Разговаравме за важни теми кои се однесуваат на глобалните безбедносни предизвици и нивните импликации во регионот.
Размената на искуства со нашите меѓународни партнери е клучна за јакнењето на позицијата на Македонија во меѓународните односи.”
-напиша на социјалните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!