Денеска во рамки на нејзините работни обврски Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова се сретна со повеќемина професори од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје.
На средбата било разговарано за текот на реформите во гимназиското образование за кои е во тек широка дебата во јавноста која што Министерката за образование и наука заедно со надлежните органи за оваа проблематика ја спроведуваат веќе подолго време.
“Средба со професори од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет – Скопје, кои ги изнесоа своите аргументи за важноста на филозофските дисциплини во гимназиското образование.
Тие истакнаа дека предметите Филозофија, Логика и Етика не само што го развиваат критичкото размислување, туку и ги подготвуваат учениците да бидат етички свесни, одговорни и активни граѓани во општеството.
Не смее да се заборави важната улога на Филозофијата, Логиката и Етиката во обликувањето на интелектуалната и морална димензија на карактерот на младите луѓе.
Верувам во реформската ориентација и посакувам забелешките на Институтот за филозофија да бидат анализирани со должно внимание и земени предвид при креирањето на конечните решенија.”
-напиша на социјалните мрежи Претседателката Сиљановска Давкова во врска со оваа средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово