“Добра вест ![]()
Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“ ![]()
Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата.
Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место.
Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија.
Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша!”
-напиша на социјалните мрежи во врска со оваа добра вест за Македонската држава и граѓаните Премиерот Христијан Мицкоски.
Ваквата информација за развојот на демократијата во Македонија според Индексот на демократија на престижниот “Економист” Премиерот Мицкоски ја обелодени и пред новинарите од денешниот настан од општина Ѓорче Петров.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина