БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ПАБ Делчево се заблагодари за изречените казни за направените кршења на законот и соопшти дека ќе си ги плати глобите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден комбинирани тимови на Пазарна инспекција, Управата за финансиска полиција, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување направиле контрола на работењето на два угостителски објекти во Делчево. Биле лоцирани редица на пропусти во работењето и прекршувања на законската регулатива за што надлежни инспектори изрекле соодветни казни како и забрана за вршење на дејност од страна на овие угостителски локали, се до отклонување на недостатоците.

За овие контроли со своја реакција во јавноста се обратија од фејсбук страницата на ПАБ Делчево преку која ја коментираат ваквата постапка на службените лица на државата.

Според реакцијата на ПАБ Делчево информираат дека вчера точно напладне координирано службени лица на Министерство за внатрешни работи, Финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасувањевлегле до два деловни објекти во сопственост на истата фирма при што биле “воочени одредени недостатоци, согласно одредени законски правилници и регулативи, пред се во недостаток на техничка документација.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Изречена е усна забрана за работа на објектите, за која согласно закон ќе следи и писмено решение, се до отклонување односно обезбедување на утвредените недостатоци на објектите, согласно законските регулативи и правилници за работа.

Изречени се и платни прекршочни налози (казни), за соодветните недостатоци утврдени при инспекцискиот надзор и контрола,”

-информираат од ПАБ Делчево преку социјалните мрежи.

Притоа од страна на ПАБ Делчево информираат дека “утврдените недостатоци од страна на државните инспектори, во целост ќе бидат отклонети и обезбедени согласно укажувањето, а платните прекршочни налози ќе бидат уплатени на трезорската сметка на НБРМ во изречениот рок.”

“Им се заблагодаруваме на ОСЛ од ОВР Делчево, државните инспектори и КРИМ полиција, за коректниот однос, професионален пристап и комуникација.

А за “случајниот” избор и селективна селекција ќе се насмееме сами во себе,”

-велат од ПАБ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace