БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати врз основа на реформите превземени во изминатиот период

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Цебтралниот Штаб на ВМРО-ДПМНЕ- Палатата Христо Татарчев се одржа седница на Централниот Комитет на владеачката партија.

Пред присутните се обрати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер Христијан Мицкоски, по што во јавноста преку социјалните мрежи упати своја порака:

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена.

Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој. Општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.

Истакнав дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите превземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани.

Информирав дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста на превземените ветувања пред граѓаните.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace