БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Факултетот за ликовни уметности – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Катедрата по графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“, по 38-ми пат ја организира традиционалната изложба на студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте.

Изложбата ќе биде отворена на 15 мај 2025 година (четврток) во 20:00 часот, во Галеријата „Драгутин Аврамовски – Гуте“, лоцирана во објектот Сули ан (Стара скопска чаршија).

Оваа изложба претставува значаен настан во академскиот и уметничкиот календар, кој континуирано, веќе речиси четири децении, го негува студентскиот креативен израз во областа на графиката. На изложбата учествуваат студенти од сите студиски години на прв и втор циклус студии на Катедрата по графика и трансмедиумски практики.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На отворањето ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во академската 2024/2025 година, која традиционално ја доделува Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“. Наградата вклучува диплома, еднократна парична награда и можност за самостојна изложба во една од галериите на ФЛУ во текот на следната академска година. Покрај главната награда, се доделуваат и втора и трета награда.

Изложбата, во чест на професорот и основач на Катедрата, Драгутин Аврамовски – Гуте, се одржува од 1988 година. Таа го задржува вниманието на младите уметници, академската заедница и љубителите на ликовната уметност. Во изминатите години беше претставена и во просториите на Националната галерија – Чифте амам, галеријата на НЛБ Тутунска Банка, како и на меѓународни настани во универзитетските галерии во Солун (2015)и Сплит (2019).

Досегашни добитници на оваа престижна награда се: Виолета Чаповска, Валентина Стефановска, Дејан Стојановиќ, Александар Прилепчански, Гордана Даутовска, Оливер Мусовиќ, Весна Величковска, Давид Георгиевски, Милан Андов, Александар Тасески, Александар Димовски, Јован Јовановски, Марија Најденовска, Даниела Јордановска, Гоце Трајковски, Елена Стојанова, Никола Арсовски, Македонка Величковска, Андријана Начевска, Маја Ковачевска, Горан Трпков, Милан Костадиновски, Никола Бојаџиев, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска, Марко Илиевски, Ема Наумоска, Ѓорги Динев, Стефан Младеновски, Дејвид Стоилковски, Југослава Василеска, Стефан Божиновски, Милена Петковска, Евгенија Трајковска и Габриела Живковска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace