Во одговор на новинарско прашање за Коментар за обвинувањата на Таравари за попречување на положбата на Албанците и неговото незадоволство што Македонија стагнира на патот кон ЕУ, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски одговори:
“Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара и за ова прашање.
Демантираме дека досега било разговарано за било каква размена на министерства или ресори, или за тоа кој ќе го превземе Министерството за здравство. Тоа не е вистина.
Што се однесува до самиот Таравари, би сакале да го истакнеме следново:
А тоа е од оние активни учесници во Владата може да се дознае дека господинот Арбен Таравари навистина бил активен учесник на овие состаноци.
Но, на тие состаноци, господинот Таравари никогаш не разговарал за Законот за јазици, никогаш не разговарал за законско регулирање на балансерот. Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите, дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди.
Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. Живо се интересирал за господинот Артан Груби, за господинот Зоран Заев и за нивните бизниси, и важни прашања за ДУИ.
Не може некој да смета дека може да биде дел од Владата, а притоа да седи во прегратките на криминалот СДС и ДУИ. Тоа е нашето ветување пред граѓаните.”
-рече денеска од партиската говорница Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина