БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во одговор на новинарско прашање за Коментар за обвинувањата на Таравари за попречување на положбата на Албанците и неговото незадоволство што Македонија стагнира на патот кон ЕУ, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски одговори:

“Вечерва партијата ќе  има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара и за ова прашање.

Демантираме дека досега било разговарано за било каква размена на министерства или ресори, или за тоа кој ќе го превземе Министерството за здравство. Тоа не е вистина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Што се однесува до самиот Таравари, би сакале да го истакнеме следново:

А тоа е од оние активни учесници во Владата може да се дознае дека господинот Арбен Таравари навистина бил активен учесник на овие состаноци.

Но, на тие состаноци, господинот Таравари никогаш не разговарал за Законот за јазици, никогаш не разговарал за законско регулирање на балансерот. Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите,  дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди.

Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. Живо се интересирал за господинот Артан Груби, за господинот Зоран Заев и за нивните бизниси, и  важни прашања за ДУИ.

Не може некој да смета дека може да биде дел од Владата, а притоа да седи во прегратките на криминалот СДС и ДУИ. Тоа е нашето ветување пред граѓаните.”

-рече денеска од партиската говорница Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace