БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Обраќање на МЕП Муртезани на 9-от Балкански економски самит во Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за Европски Прашања во Македонската влада Орхан Муртезани денеска се обрати пред присутните на деветиот балкански економски самит во Скопје, чие што обраќање во продолжение го пренесуваме интегралноЧ

“Ваши екселенции, почитувани министри, почитувани претставници на бизнис заедницата,

Денешниот собир, овој 9-ти Балкански економски самит под гостопримството на РУМЕЛИСИАД, не е само платформа за економски дискусии, тој е всушност и потврда за динамичната поврзаност на нашиот регион. Овој Самит претставува уште една потврда на силните и пријателски врски кои ги поврзуваат Република Северна Македонија и Република Турција. Овие односи, кои се длабоко вкоренети во нашата заедничка историја и култура, денес се манифестираат преку интензивна соработка во многу области, вклучувајќи ја и економијата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Односите помеѓу Северна Македонија и Турција се искрени, динамични, стратешки и ориентирани кон иднината. Не станува збор само за добри односи, туку за заедничко разбирање на регионалниот контекст, за заемна поддршка во клучни моменти и за координирани чекори во иницијативите од заемен интерес. Нашата билатерална соработка опфаќа широк спектар: од висока политика и одбрана, преку економија и трговија, до образование и културна размена. Турција е еден од најзначајните странски партнери во економскиот развој на нашата земја, но уште поважно, таа е партнер кој вложува долгорочен интерес во стабилноста и напредокот на целиот регион.

Во време кога глобалната економија се соочува со непредвидливи предизвици, настани како денешниот Самит имаат посебна тежина. Тие се можност не само за анализа, туку и за поставување конкретни цели. За нас, продлабочувањето на економската соработка со Турција, особено во делот на инвестиции, дигитална економија, зелени технологии и инфраструктурно поврзување, е од клучно значење. Веруваме во принципот на меѓусебна комплементарност, не како реторика, туку како модел за конкретни резултати. Северна Македонија нуди стабилност, пазарна предвидливост и европска перспектива; Турција пак од друга страна, носи искуство, капитал и регионална мрежа. Оваа комбинација е наша заедничка шанса и таа треба да биде искористена.

Лично, како некој кој имал можност да студира во Турција, длабоко ја ценам блискоста и поддршката што нашите две земји меѓусебно си ја даваат. Како Министерство за европски прашања, ние сме посветени на креирање на поволна бизнис клима и на унапредување на европските стандарди во нашата економија. Работиме на подобрување на регулаторната рамка, намалување на бирократијата и обезбедување транспарентност и предвидливост за инвеститорите. Северна Македонија е цврсто на патот кон европската интеграција, а економската соработка и странските инвестиции се клучни за постигнување на оваа стратешка цел,”

-рече денеска во рамки на своето обраќање.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace