Амбасадорот на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија н.е. Метју Лосон на социјалните мрежи ја сподели убавата вест со негова лична квалификација во однос на значењето на Договорот за стратешко партнерство меѓу владата на Премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер.
„По клучната средба меѓу премиерот Кир Стармер и премиерот Христијан Мицкоски на денешниот самит на ЕПС во Тирана, со гордост ја споделувам објавата за ново 🇬🇧🇲🇰 стратешко партнерство – значајна надградба што ги зајакнува нашите безбедносни партнерства како сојузници на НАТО и ги продлабочува трговските и инвестициските врски со нов договор Влада-влада, што ќе биде потпишан во Лондон следната недела“.
-напиша на социјалните мрежжи Н.Е. Метју Лосон- Амбасадор на Неговото Височество во Република Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија