БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Судии до крај лојални на своите газди: Срамни пресуди за пожарот во модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 луѓе

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од партиското седиште Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го истакна партискиот став во однос на срамните пресуди на судските органи во врска со случајот за модуларната болница во Тетово каде изгореа живи 14 луѓе:

“Срамни пресуди за пожарот во Модуларната болница во Тетово, во којшто загинаа 14 луѓе.

Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и допринеле во трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се директори на болници, а казните се како за кражба за гуми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Судот ги казни екс директорот Флорин Бесими и екс економскиот директор Артан Етеми, со по 1,5 година затвор.

Судството отворено како пупка од страна на Зоран Заев, продолжува да биде за едни мајка, а за други маќеа. За кубење на коса се добива 4 години затвор, а за пожар во болница каде што гинат 14 луѓе, само 1,5 година затвор. За лица блиски до СДС и ДУИ, правдата не постои.

Оваа срамна пресуда е доказ за тоа дека СДС и ДУИ, го контролираат правосудниот систем и одлучуваат по нивна волја, а не според правни норми.

Овие кои се осудени, а се дел од СДС и ДУИ и не се привилигирани како Филипче и мора да добијат казна, макар и минимална, негодуваат и го вперуваат прстот во вистинскиот виновник.

Во својата одбрана пред судиите, екс директорот на тетовската болница, Флорин Бесими, вели дека не се согласува со пресудата и дека на обвинителната клупа треба всушност да седне тогашниот министер за здравство, Венко Филипче.

И луѓето дел од системот, како Бесими, кои добиле ниски казни затоа што се од СДС и ДУИ, точно знаат кој е виновен.

Ова судство го бираа и организираа баш тие. А сега има борба кој да се пушти низ вода со ниски казни, а кој воопшто да не се појави на суд.”

-рече денеска на прес конференцијата Валентин Манасиевски до ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace