БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Завршување на новата Клиничка болница во Штип е дел од реализацијата на Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство

Децениски проекти од областа на капиталната инфраструктура кои чекаат долги години за реализација се дел од планот за реализација во рамки на Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонската и Британската влада.
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По објавувањето на веста што е еднаква на историски настан за постигање на Договор за стратешко партнерство меѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија , денеска на Прес конференција во поширок формат од Владата на Република МАкедонија, Премиерот Христијан Мицкоски заедно со Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Н.Е. Метју Лосон ги образложија генералните начела застапени во овој историски договор меѓу двете држави.

Премиерот Мицкоски ја истакна историската важност за Македонија со постигањето на овој меѓувладин договор на највисоко ниво, како и придобивките за граѓаните на Република Македонија кои што се планира да се реализираат во наредниот период.

“Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД. Тој е потврда дека нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Договорот ќе биде основа и фундамент на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти, односно шест милијарди евра.

Дел од парите ќе бидат за инвестиции во инфаструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестици во здравстото и нови болници, завршување на проектот на Клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот Медицински факултет, студентски дом со капацитет од 900 легла, изградба на болницата во Кичево, заедно со здравствен дом, реконструкција на Клинилката болница во Тетово. Во наредните денови ќе се потпишат договори и за овие инвестиции,”

-рече нашиот Премиер на прес конференцијата од Владата во присуство на британскиот амбасадор.

Н.Е. Метју Лосон го истакна ставот дека овој договор е врвен момент во билатералната врска меѓу двете земји, изградена на заедники вредности, заедничко членство во НАТО и мошне богата трговска врска.

„Ние сме големи инвеститори и британската Влада реши да го надградува тоа преку договор меѓу двете влади кој се фокусира на трговија и инвестиции за да се креира поголем раст и стотици милиони фунти од кои граѓаните на оваа земја ќе имаат корист заедно со  граѓаните на нашата земја“,

-рече амбасадорот Лосон на прес конференцијата од Македонската влада..

Целата прес конференција од Владата на Република Македонија во врска со овој Договор може да ја погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace