БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бедата на интелектуалната инфериорност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Имам една карактерна особина која се провлекува низ години наназад, а тоа е да им помогнам на сите оние кои побарале некаква помош или сум увидел јас лично низ целокупното мое искуство, дека им треба помош.

Во тие мои напори на многумина луѓе сум помогнал за проблеми од најразлична природа. За некои не сум можел да ја реализирам планираната помош и поддршка!

За тој мој ангажман никогаш не сум барал противуслуга затоа што едноставно сметам дека човечки е да се помогне.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Е сегаааа…

-многумина на кои сум им помогнал, никогаш не се ни потрудиле да воспостават некоја нормална комуникација со мене, а и покрај тоа на лош и на полош начин суделе за мене и мојата личност без воопшто да ме познаваат;

– други многумина без да доловат целосна слика, суделе за мене со свои квалификации во ситуации некаде со некаква пакосна конструкција со цел да се афирмираат себеси пред некого;

-трети многумина едноставно велеле “нека цркне кучето” (парафразирам) без некоја особена причина туку едноставно поради глупа човекова завид и морална беда.

Сите тие се познаваат одалеку што и како мислеле и делувале во минатото. Нивното постоење манифестира хаос, немир, конфликт, преку кои што сакаат да го извалкаат целото општество околу нив

Проблемот е што времето е чуден фактор кој нивната пакост не може да ја претвори во нешто добро за нив самите и само си го трујат сопствениот живот со промашени мотиви и чувства кои не даваат позитивна вредост во општеството.

Од такви луѓе општеството едноставно се распаѓа одвнатре.

Одговорот на нивното постоење и “делување” е силна и храбра визија и работење кои тегнат напред, за развој, унапредување на сечиј живот преку реализација на активности и проекти од заеднички интерес, наспроти инерцијата на вакви поединци или групи кои делуваат ретроградно на јавната сцена.

Ако се занимаваме со трулежот во општеството и валкање во нивната кал, само ќе си ја потрошиме енергијата непотребно и пак ќе излеземе валкани со нивната смрдеа и нечистотија.

Таквите појави и ликови во општеството треба одговорно да се идентификуваат и соодветно преку достојна пракса да им се покаже дека може општеството да се развива на многу поинаков начин од кој што тие го преферираат.

Одмаздољубието кон таквите луѓе не е посакувано сценарио, поради многу причини. Најзначајна е таа што преку нивната пакост и завид тие всушност си ја манифестираат сопствената ограниченост, беда и карактерна сиромаштија во кои сакаат да ја удават целата нивна околина до ниво на распад на цело општество.

Не треба да дозволиме нечија беда, злоба и карактерна и духовна сиромаштија да биде препознатлив белег на нашата заедница, затоа што на тој начин таквите ликови свесно или несвесно ќе ја постигнат својата цел.

Нивната беда треба да биде идентификувана но и разобличена како негативен премер за да може општеството да го извои кркољот од корисното житно зрно во амбарот.

Тој процес е тежок но неопходен за да изградиме здраво општество кое тежнее кон развој.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace