БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски со благодарност до Фондацијата Конрад Аденауер: Партнерството и соработката продолжуваат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес сме собрани за да одбележиме едно партнерство и сме овде за да изразиме благодарност. Да го признаеме придонесот на еден сојузник, на една визија, на една вредносна платформа што стана дел од нашата современа историја и пат. Фондацијата Конрад Аденауер, именувана по еден од најголемите европски државници на 20. век, е амбасадор на демократската идеја. Таа е сведоштво дека вредностите можат да патуваат преку граници, преку генерации и преку тешкотии — и да вкоренат стабилност, дијалог и надеж, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешниот свечен прием по повод одбележување на 25 години од работата на Фондацијата Конрад Аденауер во Република Северна Македонија.

Германскиот канцелар Конрад Аденауер некогаш рекол:

„Историјата не се менува со зборови, туку со дела. А делата почнуваат со визија и храброст.“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Почнувајќи уште од времето кога нашето општество се соочуваше со транзиција, со економска и политичка неизвесност, фондацијата беше присутна — со обуки, со јавни дебати, со поддршка на граѓански организации, со едукација на млади луѓе. Настапуваше со почит. Со разбирање. Со волја да се гради и да се слуша. И токму во тие тешки времиња се гради вистинското пријателство. Не кога се слави, туку кога се сомнева. Не кога е лесно, туку кога е потребно, посочи Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Конрад Аденауер Фондацијата веруваше во нас, како што рече тој дури и кога некои други се двоумеа.

Нашиот пат кон демократија не беше праволиниски. Имавме свои грешки, сопки, разочарувања. Но и секогаш имавме партнери што веруваа во нашиот капацитет за напредок. Конрад Аденауер Фондацијата веруваше во нас дури и кога некои други се двоумеа. Веруваше дека можеме да станеме дел од европското семејство. Дека младите овде заслужуваат иднина во својата татковина, објасни тој и додаде:

И затоа, кога денес зборуваме за евроинтеграции, за владеење на правото, за борба против корупцијата, за слобода на медиумите — знаеме дека зад тие процеси не стојат само политички декларации. Стојат години на вложување, соработка и визија.

Цитирам уште еднаш, овојпат од самиот Конрад Аденауер:

„Мирот е не само отсуство на војна, туку и присуство на правда, стабилност и човечко достоинство.“

Оваа мисла денес е актуелна повеќе од кога било. Во свет во кој демократијата е под притисок, во кој се раѓаат нови ѕидови, а стари вредности се доведуваат во прашање, потребни се институции што ќе останат цврсти. Потребни се сојузи што не се темелат на интерес, туку на идеали.Фондацијата Конрад Аденауер е токму таков сојузник. И не случајно, многу млади што денес се политички и граѓански активни, својата прва дебата, своето прво предавање, своето прво патување во Европа — го доживеале преку програмите на оваа фондација, изјави тој.

Тоа е најголемото богатство што може да се остави: засадени вредности во срцата и умовите на нови генерации.

Премиерот Мицкоски се заблагодари на Конрад Аденауер Фондацијата за довербата и досегашната соработката, изразувајќи надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

Ако нешто научивме во изминатите три децении, тоа е дека трајните промени се можни само кога се градат од внатре — но со надворешна поддршка што е чесна, компетентна и вредносно ориентирана. И затоа, во името на Владата сакам да изразам длабока благодарност до Фондацијата Конрад Аденауер. За довербата. За истрајноста. За партнерството. Нека оваа соработка продолжи. Нека инспирира нови млади, нови идеи и нова надеж. Да продолжи пријателството меѓу Македонија и Сојузна Република Германија, порача Мицкоски.

Извор: Влада.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace