Опасноста од појавата на пожари на отворено во изминатите години се покажа катастрофална за државата и граѓаните.
Поучени од ваквото негативно искуство во минатото веднаш по етаблирањето на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зафати со санација на распаднатиот систем за справување со потенцијални кризи (пред се пожари и поплави), преку имплементација на серија на мерки и и активности.
За таа цел за справување со пожарите во летниот период Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари.
“Со оваа мерка како Влада сакаме да постигнеме навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период.
Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животни, животната средина и други материјални добра. И токму затоа се со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба.
Воедно, Оперативниот план за вработување за 2025 опфаќа и вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.
Со ова придонесуваме кон превенција и заштита од пожарите, како и заштита на животната средина и здравјето на сите граѓани.
Како влада остануваме целосно посветени во носење на одлуки и проекти во интерес на граѓаните.
Здравата животна средина и заштита на здравјето на граѓаните, но и заштита од вакви катастрофални појави во летниот период е наш приоритет.
Владата работи на целосна трансформација на државата.”
-велат од владината служба за односи со јавност во врска со оваа една важна нова алка во синџирот за превенција, заштита и спасување со потенцијални кризни состојби.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија