Претседaтелот на СДСМ Венко Филипче вчера беше во посета на партиската партиските војници на неговата партија вгнездени во локалните институции и претпријатија. Само така може да се оквалификува посета на партиски претседател во работно време на јавни институции под контрола на функционери на СДСМ во Делчево.
Но она што најмногу предизвикува чудење е со каква леснотија претседателот на СДСМ Филипче “тресе” глупости т.е. лаже на јавна сцена во обид за да прибере некаков политички поен за СДСМ, во пресрет на локалните избори ширејки еклатантни лаги и невистини во јавност.
Во неговото соопштение упатено преку социјалните мрежи Венко Филипче тврди дека ” Делчево е оставено на страна од актуелната влада, само затоа што градоначалникот не е од истата партија”
Оваа е негова крајно манипулативна изјава која содржи огромна лага врз основа на која Венко Филипче сака да изгради перцепција во јавност дека во Делчево актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не инвестира во Делчево и дека граѓаните се виновни што на минатите локални избори дадоа огромна поддршка за падот на СДСМ и доаѓањето на новата влада со Премиерот Христијан Мицкоски на чело.
Реалноста која што Венко Филипче намерно не сака да ја види е дека актуелната влада предводена од Премиерот Мицкоски во Делчево инвестира над 150 милиони денари во конкретни капитални инфраструктурни проекти кои ќе значат директно подобрување на животниот стандард на граѓаните на Делчево: Станува збор за инвестиции во рок од само една година од промената и падот на СДСМ од власт на централно ниво што е сериозна разлика од 7 годишното управување со државниот буџет од страна на СДСМ на чело со Зоран Заев и Димитар Ковачевски.
Видеото во кое што актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински зборува за инвестициите во рок од само неколку месеци за граѓаните во Делчево го пренесуваме во продолжение, каде исто така од страна на Премиерот Мицкоски се најавуваат уште поголеми инвестиции за граѓаните на Делчево како што е проектот за експресен пат Делчево- Кочани.
“Денес при посетата на општина Делчево имавме прилика да направиме увид на градежните активности на два од четирите проекти кои што општина Делчево ги доби при првиот јавен повик и овие проекти се практично и доказ дека ветувањата на Владата се реалност. Проектите кои што оваа влада ги вети веќе го гледаат светлото на денот. Само да потсетам дека при првиот јавен повик општината за четири проекти доби 37 милиони денари, во вториот јавен повик општината аплицираше со 10 апликативни формулари- 10 проекти и претпоставувам дека ќе добие околу 115 микиони денари. Чисто за паралела ќе споменам, годишниот буџет на Делчево наменет за капитални инвестиции изнесува некаде од 15 до 20 милиони денари. Ова го кажувам за да потенцирам која е важноста на помошта која Владата предводена од Премиерот Мицкоски ја дава на сите локални самоуправи. Повторувам на сите лоикални самоуправи без исклучок на тоа градоначалникот од која политичка партија доаѓа,”
-рече во рамки на својата посета на Делчево Министерот за Локална самоуправа Златко Перински пред неколку недели.
Оваа вистина секако дека на безидејниот Филипче не му одговара па затоа парадирајки пред партизираната администрација во работно време во својство на партиски лидер се обидува да ја искриви реалноста со крајно дрски манипулации базирани на лаги кои се обидува да ги протне во јавност.
“За жал, денес гледаме како Делчево е оставено на страна од актуелната влада, само затоа што градоначалникот не е од истата партија,”
-напиша манипулативно на социјалните мрежи Венко Филипче во врска со неговата вчерашна посета на Делчево.
На овој начин Филипче прави обид преку лаги и манипулаци како и неговиот ментор Зоран Заев во 2016 година да се добере до глас повеќе на наредните избори.
Наредниот пат кога ќе доаѓа Филипче во Делчево редно е да покани да се сретне со поупатени и поинформирани луѓе од Делчево кои што ја следат оваа проблематика па нив да ги убедува за “големите инвестиции на СДСМ за делчевчани”! А не да се крие со неколкумина свои најблиски соработници на тајни партиски состаноци злоупотребувајки државни ресурси за партиски цели на СДСМ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина