В четврток,19 јуни 2025 година, ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа против епидемиска мерка.
Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на Центарот за јавно здравје Скопје ќе ја реализира првата фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третирањето ќе се изведува со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево