Од цела источна Македонија до мене пристигнуваат информации во форма на бројки за сондажи на јавно мислење во пресрет на локалните избори.
Сите до една од овие анкети, истражувања и мерења на рејтинг велат дека политичкиот кредибилитет на СДСМ забрзано се ближи кон едно-цифрена вредност.
Соочени со ваквата горка реалност менаџментот на оваа политичка партија предводен од Филипче Венко е пред судбинска дилема: Дали после претстојниот дебакл на локалните избори ќе замине тивко и нечујно или со тресок?
Затоа што според сите индикатори постои реална веројатност дека котелот наречен СДСМ по локалните избори ќе експлодира со громогласен БЕНГ…. СДС-БЕНГ!
Превирањата во СДСМ овој пат по локалните избори веројатно ќе бидат толку тешки и болни затоа што веројатно сите “инвеститори” во оваа политичка партија ќе дојдат да си го наплатат долгот. А имајки го предвид милјето на поддржувачи на СДСМ во изминатите години, таа операција нема да помине ни малку незабележано.
Во таква една состојба Филипче Венко и неговите соработници кои во една прес конференција и напишаното успеваат по 3-4 пати да го погрешат, мораат да ја креваат тензијата во општеството за да привлечат некакво внимание во јавноста.
Политичката некрофилија поврзана со страдањето на цела Македонија во контекст на катастрофалниот пожар во Кочани не успеа да “запали фитил” кај граѓаните. Некрофилијата на која Зоран Заев најдрско и безобразно успеа да дотурка до Премиерската функција е веќе “издегустирано” сценарио од Македонската јавност. Зачудува фактот што нема некој доволно храброст да му укаже на Филипче дека нивната некрофилија е повеќе од патетична и штетна не само за граѓаните туку и за политичките кариери на Филипче и неговата екипа во врвот на СДСМ!
Откако увидоа дека конечно институциите под полна пареа работат во идентификувањето на одговорноста кај секој еден поединец за пожарот во дискотеката на смртта во Кочани, политичката некрофилија на актуелните функционери на СДСМ во последните ден-два доби една нова димензија на политичко лудило кое во јавност се манифестира со замислени сценарија, имагинарни процеси и многу лаги. Нивото на лаги веќе не содржат ни елементарни фактори на вистина за да може да се идентификуваат како манипулации. Лудилото на лагите на СДСМ зборува за фиктивно сметководство, изнудување на пари, рекетирање, паушали за полициска заштита, подземје и што уште не, произлезено од котелот наречен СДСМ.
Ваквиот развој на параноја во редовите на СДСМ е сериозно-загрижувачка појава што веќе почнува да прераснува во социолошки феномен.
За оваа состојба на актуелните функционери на СДСМ и вештачката интелигенција има своја дијагноза.
Ако во изминатата година по катастрофалната казна од граѓаните на минатогодишните Парламентарни и Претседателски избори СДСМ беше во Продромална (почетна) фаза со симптоми како што се:
✔️Социјално повлекување
✔️Намалена енергија и мотивација
✔️Чудно однесување
✔️Сомнежливост или необични верувања
денес целокупната јавност е сведок дека лудилото на СДСМ прераснува во Акутна фаза (активна психоза) со симптоми како што се:
✔️Халуцинации (слушање гласови, гледање нешта што не постојат)
✔️Делузии (лажни верувања – пр. дека некој ве следи, контролира)
✔️Дезорганизирано размислување и говор
✔️Силна анксиозност, агресија или страв.
Жал ми е што морам да констатирам дека политичката партија која во минатото имаше сила да изнедри и по некоја забележителна политичка големина, денес се однесува единствено како психијатриски случај на класично лудило.
Бог нека помогне колку може.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КОГА ЧЕСНИОТ МОЛЧИ ОД СТРАВ, А НЕЧЕСНИОТ ВЛАДЕЕ СО ГЛАСНОСТ – ВО КАКВО ОПШТЕСТВО ЖИВЕЕМЕ?
КОГА КАРАКТЕРОТ ЌЕ СТАНЕ ПОГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ОД НЕЗНАЕЊЕТО
СРЃАН ВАЉАРЕВИЌ: ЛИРСКИ СТОИК