Во свое обраќање во јавноста Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во свое име и во името на позицијата преку која ги застапува интересите на приватните компании во Македонија упати свои ставови и размислување во врска со се поизразената партнерска соработка со Владата на чие чело стои Премиерот Христијан Мицкоски.
Азески во својата порака до јавноста го нагласува континуитетот и упорноста на заложбите на Премиерот Мицкоски од времето кога беше длабока опозиција кога за почеток беше воспоставена искрена и добронамерна соработка меѓу тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ и Стопанската Комора на Македонија.
“На една од многубројните средби во Комората, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен премиер изјави дека, кога ќе дојдат на власт ќе бидат бизнис-ориентирани и од коморите ќе побараат да ги определат одредниците кон кои ќе се оди заеднички. На сите ни е јасно дека тоа не може да се спроведе целосно бидејќи Владата покрај кон бизнисот има сериозни обврски и кон граѓаните, но и кон меѓународната заедница за прашања кои влијаат на позицијата на бизнисот. Ние затоа сме свесни и не тврдиме дека нашето е вистинското, туку го поддржуваме сè она што е од интерес на државата. Но, да ги повториме уште еднаш одредниците на бизнисот, а тоа за нашата Комора се следните работи:
- Градење на систем на образование за потребите на бизнисот, конкретна поддршка за извозот преку директни инструменти и мерки поддржани од државниот буџет и подобрување на регионалната соработка како иницијална основа за забрзување на ЕУ интегративните процеси.
- Во одредниците спааѓат и стратешките цели на Комората. Борба против корупцијата и сивата економија, брза гасификација, регулирање на односите помеѓу државата и бизнисот на начин што нема да биде на штета на приватниот сектор, а ќе придонесе за општото добро,”
-напиша во својата порака до јавноста Претседателот на Стопанската Комора на Македонија Бранко Азески
Во тековните политики кои што се повеќе земаат замав кон подобрувањето на состојбите кои се однесуваат на сферата на стопанството и создавањето на нови вредности од интерес на сите граѓани и државата во целост, чиј што предводник е Премиерот Мицкоски, се согледуваат токму овие дефинирани одредници за кои што инстистира Претседателот на Стопанската комора на Македонија.
Во изминатата година од воспоставувањето на новата влада една од клучните фокус точки беше реформата во образованието, спроведувана од страна на Министерката Весна Јаневска. Реформите во образованието се долгорочен процес но веќе се воспоставени главните контурни точки кои што најавуваат брзи резултати во блиска иднина.
Поддршката на владата со свежи финансиски средства како директна финансиска инјекција на приватните компании во изминатиот период со сретства од т.н. Унгарски заем е секако дел од овие одредници за кои што зборува Азески во својата порака до јавноста. Почетните резултати се видливи на јавна сцена преку подобрувањето на растот на БДП на ниво на 4 резултат во Европа, што говори за целисходноста на имплементацијата на досегашните владини мерки за поддршка на стопанството, особено извозно-ориентираното претприемништво.
Во рамки на речиси било која меѓународна активност на Премиерот Мицкоски и владиниот тим во изминатата година од конституирањето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предничат заложбите за унапредување на економската соработка на деловни субјекти од Македонија со странски приватни и јавни субјекти, што несомнено е во интерес на интеграцијата на Македонија во пошироката Европска заедница пред се во рамки на ЕУ и прилагодување и синхронизација на Македонското стопанство со тоа во земјите партнери на меѓународен план на Македонија. Овде пред се станува збор за многу изразена соработка со Унгарија, Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и континуирано висок импулс на соработка со владата на САД, особено во делот на безбедноста која што е основен предуслов за развој на поволна бизнис клима. А тоа секако е добредојдено за Македонското стопанство чиј што најекспониран предводник е Претседателот на Стопанската Комора на Македонија Бранко Азески.
Втората точка од одредниците за кои зборува Азески се однесува на борбата против корупцијата и сивата економија, правната сигурност, евтините енергенси и унапредување на економската слобода за домаќинско и одговорно стопанство во Македонија.
Секојдневно сме сведоци на зголемено ниво на разрешени случаи на висока корупција, нешто за кое што во минатото можеше Македонскиот граѓанин само да го посакува а денес е секојдневие. Исто така имплементацијата на широк корпус на реформски закони и институционални мерки на хармонизација на институциите на државата конкретно фокусирани за потребите на стопанството е во полн ек, предводена од еден модерен тренд на дигитализација и реална регулаторна гилотина за кратење на време и средства на граѓаните и стопанството во нивната неопходна комуникација со институциите на државата. Сепак можеби и најзначаен сегмент во досегашната владина политика и реформи е конституирањето на новото министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, чиј што експонент Министерката Сања Божиновска за една година успеа да структурира високо- операбилен сектор во функција за директна поддршка на Македонското стопанство преку развој на ефикасен енергетски систем за овозможување на повисок профит за Македонските компании.
Во своето обраќање кон јавноста Претседателот Бранко Азески ја нагласува поддршката на Стопанската Комора на Македонија за Премиерот Мицкоски за да продолжи по патот за спроведување на зацртаните одредници од кои што бенефит ќе имаат граѓаните на Македонија.
“Во изминатата година постигнат е чекор напред, стекната е комуникација и доверба, но ние како бизнис би сакале крупните одлуки за економски просперитет да мора да бидат донесувани со концензус на сите чинители. Тука мислам пред сè на опозицијата, бизнисот, учесниците во трипартитниот дијалог, науката, невладиниот сектор, медиумите.
Неспорно е дека Владата како клучен сегмент во новите одредници ја поставува инвестиционата активност за која очигледно се потрудила да направи сериозна рамка. Плус, активно работи за поголема вклученост на домашните компании на меѓународните проекти. Според информациите со кои располагаме од членките и понатаму остануваат традиционалните забелешки за однесувањето на јавната администрација, но нема информации за некакви притисоци, закани, кои може да влијаат на остварување на поставените цели. Во моментов најголеми проблеми имаат фирмите од текстилниот сектор, но општо и фирмите кои долги години наназад не можат да ги надминат проблемите врзани за континуираните кризи.
За активно да се партиципира во заедничката економска политика, Комората полека но сигурно го исцртува и тимот со кој ќе се обидеме да им помогнеме на компаниите но и на државата во остварување на зацртаните цели. По конституирањето на Собранието и на Управниот одбор, деновиве ќе бидат избрани потпретседателите на Комората со што ќе се заокружи и пирамидата на управување. Листата на потпретседатели ја предводи м-р Александар Гечев од ИГМ Трејд Кавадарци, еден од нашите најголеми извозници. А на неа ќе бидат и имињата на Сашо Наумоски, Анатол Кутревски, Виктор Мизо, Зоран Милковски, Сашо Самарџиоски, Глигор Цветанов, Ирена Јакимовска, Драгана Чифлиганец, Марјан Бојаџиев.
П.С. Комората со 103 годишно искуство и солидна кадровска основа е спремна за големите предизвици кои стојат пред приватниот сектор. Премиерот Мицкоски ја има нашата поддршка да продолжи по одредниците и конечно нашата земја да ги зголеми БДП, профитот на компаниите и да отвори нови работни места. Така ќе го сопреме одливот на мозоците и ќе тргнеме по правиот пат. “
-напиша во вториот дел од својата порака упатена до јавноста Претседателот на Стопанската Комора на Македонија Бранко Азески.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина