Претседателот на Македонската влада Христијан Мицкоски денеска оствари плодотворен телефонски разговор со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Во разговорот станало збор за евроинтегративниот процес на Македонија во пресрет на извештајот на Европскиот Парламент кој во голема мера ќе даде слика за перспективата на Македонија во процесот за приближување кон ЕУ во наредниот период.
Ваквата посветена активност за афирмација на Македонските интереси на меѓународен план на актуелната влада предводена од Премиерот Мицкоски претставува драстична разлика од поданичкиот однос на поранешната влада предводена од СДСМ и ДУИ кон странски лидери и држави на штета на Македонскиот национален идентитет, поради чија што штета во меѓународните односи денес Македонија стои заглавена во ЕУ интегративните процеси поради т.н. Француски договор под Бугарска уцена.
“Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска,
@AndrejPlenkovic. Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме. Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас. Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава.”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Христијан Мицкосии во врска со остварениот разговор со хрватскиот Премиер кој што е искрен пријател на Македонија како логичко следство на историски секогаш добрите односи меѓу Македонија и Хрватска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина