БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Штипјанец со закани и присила изнудил голема сума на пари од свој сограѓани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Штип. Тој се сомничи дека во периодот од октомври 2024 до 20.06.2025 со закани и присилба оштетил 21 – годишник од Штип за сума од 275.000 денари.  Според пријавеното, во наведениот период, тој се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.  

Креирано од:


Пренеси го гласот