На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Штип. Тој се сомничи дека во периодот од октомври 2024 до 20.06.2025 со закани и присилба оштетил 21 – годишник од Штип за сума од 275.000 денари. Според пријавеното, во наведениот период, тој се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Штипјанец со закани и присила изнудил голема сума на пари од свој сограѓани

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево