БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Петрушевски: Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ ја алармираат јавноста за индикатирите кои укажуваат дека пожарите кои што се разгоруваат околу Скопје се подметнати.

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ упати критика и кон опозициската СДСМ кои што многу бргу реагираат со свои прес конференции во јавноста како реакција на пожарите.

“Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми  кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот. На одредени места пронајдени се и ракавици, а пред два дена во Чучер Сандево и дрва потопени во бензин.

Очигледно е дека како еден пожар се гаси, друг некаде веднаш се пали.

Институциите на системот макотрпно работат и ги гасат и локализираат пожарите секој ден. Од друга страна некој во државата сака истата да ја пеплоса.

Според информациите кои ги имаме, а ги објавија и институциите, одредени лица се веќе под истрага, а едно лице е лишено и од слобода.

И додека институциите се борат да ја заштитат секоја педа земја, СДС тера политика и се обидува да ќари некој политички поен.

Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира.

Народот многу добро гледа СДС што прави, и за тоа следува казна на изборите.”

-рече Бране Петрушевски на денешната прес конференција.

Креирано од:


Пренеси го гласот