Пратеникот во Македонското собрание избран со гласовите на граѓаните во Третата изборна единица на минатогодишните Парламентарни Избори Драган Ковачки денеска од Македонска Каменица ги информираше граѓаните на оваа општина за реализираните политики преточени преку конкретни мерки и проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ буџетирани од владината програма за поддршка на општините насекаде низ Македонија.
За реализација на проекти за жителите на Македонска Каменица владата на чие чело стои Премиерот Христијан Мицкоски во изминатиот период обезбеди финансиски сретства од над 1 милион евра кои што се директно насочени за подобрување на стандардот за живеење на сите граѓани во оваа општина во Брегалничкиот регион.
Добро вечер од преубавата Мошница, од општина Македонска Каменица, мала Швајцарија на истокот.
Денеска сме тука со единствена цел, да упатиме порака дека е потребно да има континуитет на промените коишто ги започнавме во 2021 година на локално ниво.
Она што можам да го кажам е дека заедно со граѓаните , односно жителите на овие населени места, разговаравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат, за да знаеме што да ставиме во програмата на идниот градоначалник и Совет за општина Македонска Каменица.
Владата на Република Македонија, знаете сите дека продолжува со поддршка на нашите македонски општини. Македонска Каменица во минатата година, само од моментот на доаѓање на нашата Влада на власт, на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во Македонска Каменица има инвестирање над милион евра и тие пари ќе бидат потрошени за инфраструктурни проекти, комунални проекти, проекти во патната инфраструктура, се што е потребно за жителите на овие краишта,”
-рече во своето кратко обраќање преку социјалните мрежи Пратеникот Драган Ковачки од Македонска Каменица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина