БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од греота за луѓето: Пензионерите од Делчево и Берово со протест бараат достоинствен живот за себе

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пензионерите од Делчево и Берово денеска упатија свои предупредувачки пораки и апел до властите за покачување на пензиите за достоинствен живот на оваа огромна категорија граѓани.

Претставници на локалните здруженија на пензионерите во крајниот исток на државата побараа линеарно зголемување на пензии на сите пензионери во државата од 3500 денари па потоа да се направат урамномерувања според висината на пензиите. Ваквото барање бензионерите го аргументираат со покачувањето на трошоците за живот, но и поради зголемувањето на платите на функционерите од 78% што беше направено пред некој месец.

Неззадоволството на пензионерите е и од раководството на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија од каде што бараат посериозен ангажман на претседателката за заштита на основниот стандард на оваа голема категорија на граѓани во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Луѓето кои што протестираа на високите температури во центарот на Делчево и Берово покачувањето од 6% што им го нуди владата го сметаат за смешно и потценувачко особено за оние пензионери што зе во долната граница на износи на пензии.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace