“Почитувани граѓани, почитувани новинари,
ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата.
Последен доказ за тоа е случајот на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која констатирала неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите.
Станува збор за проект од 2015 година вреден 660.000 евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во тој период министер во ресорното министерство е Михаил Цветков, а премиер на таа Влада преводена од ДПМНЕ е Никола Груевски.
Во таа Влада советник за енергетика бил сегашниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ДПМНЕ и поединци од таа партија, освен што краделе од граѓаните, правеле проневери и со пари од европски фондови.
Почитувани,
Актуелното раководство на Министерството за земјоделство до надлежното обвинителство достави конкретен предмет со конкретни правни дејства.
Апелираме Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и низ законска, судска постапка да бидат санкционирани сите за кои ќе се докаже дека се виновни, а потоа и парите да бидат вратени.
Овој случај на криминал освен што го има оштетено државниот Буџет, фрла дамка и врз репутацијата на нашата држава, која последниве години е лидер во регионот во искористеност на средствата од ИПАРД Програмите.
Одговорност за секој криминал, мора да има.”
-интегрален текст на прес конференција на Трајан Димковски од СДСМ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија