БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кој вака го лизна Трајан Димковски да држи прес конференции за криминал во МЗШВ и да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Кој вака го лизна Трајан Димковски да држи прес конференции за криминал во МЗШВ и да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

СДС е на власт 6 години и е најодговорна за сиот криминал во државата.

СДС е на власт 6 години и без нивен амин не може да се спроведи ниту еден криминал.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Владата на СДС е криминална влада а за тоа стига потврда и од меѓународните претставници кои велат дека СДС има најслаба борба со корупцијата, а ОЛАФ за периодот од 2018 -2023 година води 18 истраги за можни злоупотреби на европските фондови во Македонија.

Европската агенција спровела 4 истраги за злоупотреба на европските пари, од кои 3 се завршени со препораки , а 4тата е без епилог.

Трајан треба да го повика Љупчо Николовски што констатирала ОЛАФ во овое 3 истраги?

За тоа кој каков е, најдобро ќе кажат граѓаните и земјоделците на избороте од кои СДС бега како ѓавол од крст.

Да сте толку исправни како што се презентирате, ќе излезевте на избори и пред земјоделците ќе ја побаравте нивната поддршка. Но, знаете дека немате веќе никаква поддршка и дека сте прочитана книга.

А на Трајан би му препорачал, да се скрие да не се брука вака и да не го брани криминалот на СДС, бидејќи одговорност ќе следи за секој кој се огрешил пред законите.”

-интегрален текст на реакција на Цветан Трипуновски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace