Денеска на прес конференција од партиското седиште пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски уште еднаш ја алармираше јавноста за состојбите во судско-обвинителскиот систем во кој што ниту еден функционер на СДСМ од минатото не е во затвор:
“Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски.
Фактот што ниту еден функционер од СДС, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската на СДС со главниот обвинител Љупчо Коцевски, и зошто тие во Собрание се бореа да му дадат сламка за спас, преку не гласање на интерпелацијата за него.
СДС и ДУИ го штитат главниот обвинител Љупчо Коцевски, за тој да ги штити криминалите на Филипче, Заев и Али.
На милиони украдени од ЕСМ и РЕК, на стотици тендери во здравството, нема ниту еден случај на одговорност. Очигледно е сега, дека нема затоа што тие случаи водат до врвот на СДС.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и покажа кој го постави, кој стои и кој го одржува во живот главниот обвинител Коцевски.
Се додека е Љупчо Коцевски главен обвинител, се до тогаш нема да има одговорност за криминалците од СДС и ДУИ, зошто тие се штитат меѓусебно.
Љупчо Коцевски треба да има грам морал, и да ја прифати пораката од граѓаните и да си поднесе оставка. Со секој поминат ден, неговиот рејтинг не само што се намалува, туку го пробива дното.”
-стои во текстот на прес конференцијата на пратеникот Петрушевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар