Советот на Општина Лозово донесе едногласна одлука за доделување на вредносен ваучер од 4000 денари за секое прваче кое што од оваа учебна година ќе го започне својот образовен процес.
Градоначалникот на општина Лозово Бошкко Цветковски ја обзнани оваа информација преку социјалните мрежи и детали поврзани со истата:
“Во пресрет на новата учебна година, а со цел секое прваче да може да биде обезбедено со училишен материјал за кој се одвојуваат сериозни финансиски средства кои се рефлектираат врз буџетот на секое семејство, не задолжува нас како општина да преземеме чекори за помош и поддршка на граѓаните.
На мое огромно задоволство, со едногласна одлука на Советот на Општина Лозово, и оваа година обезбедивме Ваучери за секое Прваче во Вредност од 4000 денари, средства со кои ќе се овозможи финансиска поддршка на родителите за набавка на училиштен прибор и облека за успешен старт на учебната година..
Модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е нашиот врвен приоритет, продолжуваме да ги слушаме потребите од образовната заедница и да креираме квалитетни мерки, кои ќе донесат добри резултати.
Општината, вистински сервис за Граѓаните
СО РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАШЕТО МЕНАЏИРАЊЕ СЕКОЈДНЕВНО ПОКАЖУВАМЕ ЗОШТО СМЕ ПОРАЗЛИЧНИ ОД ПРЕТХОДНИЦИТЕ
Стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Бошко Цветковски-Градоначалник на Општина Лозово

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!