БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Идниот петок ќе започне уривање на нелегални угостителски објекти во Трговскиот центар во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По решение од градежен инспектор, в петок, 5 септември, во попладневните часови, Општина Кочани ќе започне со уривање на дивоградби што ја загрозуваат безбедноста во Трговскиот центар.

Доколку до тој период сопственикот на нелегалниот угостителски објект на терасата во Трговскиот центар сам не ја отстрани дивоградбата, уривањето ќе го изврши Општина Кочани преку економски оператор избран со јавна набавка.

На 28 април актуелниот в. д. градоначалник Венко Крстевски одржа состанок со угостителите од Кочани информирајќи ги дека Општината ќе се залага за хуманизација на просторот и дека безбедноста е првата причина поради која нема да се прават отстапки со узурпација на јавните површини.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На 18 јуни оваа година Крстевски поднесе кривична пријава за узурпација на јавна површина и бесправна градба против угостители што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните истакнувајќи дека и по трагедијата во „Пулс“ има угостители што работат нерегуларно и незаконски, со што покажуваат дека поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните, на жителите во зградите каде што се лоцирани објектите, но и на самите посетители.Со најавата за уривање на нелегалните објекти што ја загрозуваат безбедноста, в. д. градоначалникот Крстевски потсетува дека јавната површина е јавен интерес и дека нема никаква толеранција кон угостителските објекти коишто го узурпираат јавниот простор и создаваат безбедносен проблем. 

Извор: Општина Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace