БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Притворен уште еден осомничен од  групата против која се води истрага за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Управата за финансиска полиција ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден, 28.08.2025 година, на граничниот премин „Долно Блаце“, при обид за влез во РСМ, е лишен од слобода С.А., државјанин на Р.Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и кривично дело „Даночно затајување“ (чл.279 ст.3).

Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, лицето веднаш е превземено и изведено пред судија на претходна постапка од каде му е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што истиот е спроведен во КПУ Куманово.

Притворањето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица, како резултат на сложена предистражна постапка спроведена од страна на Управата за финансиска полиција, под раководство и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, во рамки на која беа превземени низа мерки и активности и беше обезбеден обемен доказен материјал, што резултираше со поднесување на кривична пријава против 13 физички лица и 10 правни лица, за сторени кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со што е предизвикана огромна штета на државниот буџет во висина од над 430 милиони денари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Управата за финансиска полиција и понатаму останува посветена на борбата против организираниот финансиски криминал и заштитата на буџетот на државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace