Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи пренесе редица на статистички податоци и бројки кои укажуваат на закрепнување на економијата по економскиот пустош оставен од претходната влада на СДСМ и ДУИ.
“Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабализираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст.
Стапката на невработеност е намалена на 11,5%, што е за 1% помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина.
Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69%, додека увозот за 4,35%. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41%, а увозот за 4,83%.
Дополнително, вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07% во однос на истиот период минатата година.
Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство.
Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој.”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист