“Нека си дреме обвинителството. Викенд е. Плус празник. А викенд и празник не се работи, не?
Иако јавноста очекува обвинителството да реагира навремено и транспарентно, овој случај останува без одговор.
Поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски, наместо да даде отчет пред надлежните органи, се појавува во медиуми и испраќа пораки кои ја релативизираат суштината на проблемот, или упростено, наместо да пее во во обвинителство, тој пее на ТВ.
Оваа афера не е само внатрешно прашање.
Таа директно ја засега довербата кај нашите партнери во НАТО и може да биде искористена од земји кои во изминатиот период не беа наклонети кон напредокот на Македонија во демократските процеси.
Последиците може да бидат и политички.
Затоа, расчистувањето со злоупотребите во службите не е опција туку тоа е императив.
Само со професионализам и одговорност во институциите можеме да ја вратиме довербата на граѓаните и на меѓународната заедница.”
-интегрален текст на соопштение упатено преку социјалните мрежи од страна на пратеникот Драган Ковачки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани