Во програмата на Иван Гоцевски има застапено 9 поглавја на проекти со кои тој планира да го развива Делчево во наредните 4 години.
Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” преку социјалните мрежи денеска ја објави својата предизборна програма со кратко објаснување за мерките и проектите кои што таа ги содржи.
“Почитувани сограѓани, драги пријатели,
денеска сакам со Вас да споделам дел од иднината на нашето Делчево.
Во нашата заедничка програма за наредните 4 години, има проекти за секој граѓанин на Делчево, затоа што оваа програма ја креиравме со сите Вас заедно.
Моја ќе биде обврската и одговорноста оваа програма да ја исполнам во целост, со заедничка соработка со сите релевантни домашни институции предводени од нашата Влада како и сите граѓани.
Во програмата се застапени 9 посебни поглавја за различни аспекти од доменот на моите идни ингеренции како градоначалник на Делчево:
👉 Главен столб на оваа наша заедничка програма е #ЕкономскиотРазвој базиран на одржливи темели преку досега најразвиена реална понуда на мерки и проекти кои го гарантираат исполнувањето на оваа цел.
👉 Секако тука се и проектите за #Заштитата и #Безбедноста како и зачувување на #ЖивотнатаСредина на сегашните и идни генерации. Конечно е дојдено времето општина Делчево да добие “Зелен катастар”!
👉 Дигитализацијата на услугите на општина Делчево е неопходен предуслов за зголемена ефикасност и транспарентност на општинската администрација,
👉 Само со конкретни проекти ќе обезбедиме вистински и суштински Развојни младински политики, за нашите најмили да не го вртат повеќе грбот на својот роден крај, а креативната енергија на сите граѓани на Делчево да добие вистинско вреднување на трудот!
👉 Пристапноста и мобилноста во Делчево повеќе нема да биде табу тема за било кој граѓанин до секој дом, до секоја јавна површина, стопански и деловен објект. Повторно ќе ја заживееме изградбата на тротоарите и паркинзите, пристапноста до нашите туристички локалитети и пред се…. сообраќајно поврзување на Делчево со модерен експресен пат кон Кочани!
👉 Нашиот Културен идентитет ќе биде силна подлога на нашиот економски развој базиран на реални пазарни основи, развиени преку најпримамлива и досега незабележана интегрирана туристичка понуда на нашето Делчево.
👉 Можеби и најсуштинските проекти и мерки се содржани во трансформацијата на општина Делчево како вистински сервис на граѓаните, без катанци и прашина на фиоките во администрацијата и отворање на општината за секој граѓанин на Делчево.
Пред нас претстои многу труд и работа!
Конечно е дојдено е времето да создадеме вистински пример за народна, достоинствена, одговорна, транспарентна, услужна и работлива Општина Делчево.
Тоа е мојата борба, ова се моите заложби кои сум убеден дека со поддршка на сите граѓани на Делчево ќе ги исполниме.
Прочитајте ја детално оваа народна предизборна програма достапна на сл. линк:
https://www.facebook.com/share/p/161VgF3bd9/
а јас како Ваш иден градоначалник ќе дојдам до секој еден граѓанин на Делчево да поразговараме за секој детаљ и имплементација на истата, за да после 4 години повторно го одбележиме нашиот заеднички успех.
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Иван Гоцевски- кандидат за градоначалник на општина Делчево на претстојните локални избори.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Петар Ружински за Берово: Првиот впечаток за нашиот дом е најважен!
Јорданчо Костадинов: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме нови подобри услови за дечињата во детската градинка во село Облешево
Советничката листа на СДСМ во Делчево го нема задоволено законскиот минимум на застапеност на жени, надлежните е потребно итно да реагираат!