Сите љубители на убавиот пишан збор се добредојдени на настанот за промоција на стихозбирката “Нека биде сонце” од Бранкица Богатинов, која ќе се одржи на 7 Октомври 2025 г. со почеток во 18:30 ч. во Универзитет Скопје, кој се наоѓа на адреса Бул. Партизански одреди 90 во Скопје.
“
Драги пријатели,
Со голема радост ве поканувам на промоцијата на мојата стихозбирка „Нека биде сонце“. ![]()
Во соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и со поддршка од Хрватско-македонското друштво, ќе поминеме една вечер исполнета со стихови, светлина и заедничка љубов кон пишаниот збор. ![]()
![]()
Ви посакувам добредојде – ајде заедно да го прославиме сонцето што нè поврзува, каде и да сме!
“![]()
-напиша на социјалните мрежи како покана за овој преубав настан самата авторка Бранкица Богатинов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп