Со средства од општинскиот буџет, според планираните активности од Програмата за уредување на градежното земјиште, во тек се бетонирање на пристапни улици, уредување на пешачки површини и изградба на потпорни ѕидови.
Според стручните служби, бетонирани се делови од улиците „1 Мај“, „Вера Попова“, „Крум Вранински“ и крак 1 и крак 2 од улицата „Стамен Манов“, на потези коишто беа во лоша состојба што го отежнуваше движењето и на пешаците и на возилата.
Бетониран е дел и кај Градскиот пазар, на ул. „Гоце Делчев“, како и крак од улицата „Герасим Спасов“ во Оризари.
Уредени се тротоарите на улиците „Борис Трајковски“, „Сремска“ и „Бел камен“.
Потпорни ѕидови се изградени на улиците „Гроздан Трифунов“ во Кочани и на „Ефтим Симеонов“ и „Новопланирана“ во Оризари.
Во тек се градежни активности за пробивање и тампонирање на улицата „Кирил и Методи“ и на три крака на улицата „Стамен Манов“ во Кочани.
Наредниов период ќе се работи на крпење на ударните дупки на сообраќајниците во Кочани. Општинските служби информираат дека јавната набавка е во тек и се очекува да заврши за десетина дена.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Познатиот актер Милош Биковиќ во посета на Берово: Се најавува најголемата инвестиција во историјата на општината
Кривична за 37 годишен виничанец за нанесување на тешка телесна повреда на свој сограѓанин
Сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Штип- Кочани