Пред споменикот на паднатите борци од НОБ и ПОМ во центарот на Делчево утрово беше одадена почест на сите загинати борци во Втората Светска војна од Пијанец и некогашното Царево Село.
Делегации на општествени дејци, претставници на политички партии, здруженија на граѓани и поединци се поклонија пред жртвата на нашите претци кои со своето дело се втемелија во темелите на нашата Македонска самобитност, која сите ние денес ја живееме.
Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи упати своја лична порака во врска со денешниот државен празник преку која ги истакна значањето како и својата определба за зачувување на слободата на Македонскиот народ:
“На 11 Октомври, Македонија се сеќава – не само на денот кога пушката грмна, туку и на моментот кога стравот се претвори во храброст. Тоа беше денот кога обични луѓе станаа херои, кога срцето на народот почна да чука за слобода.
Во секој чекор на партизаните, во секој поглед полн верба, се раѓаше нова надеж. Нивната борба не беше само за земја, туку за достоинство, иднина и мир.
Денес, додека се поклонуваме пред нивната жртва, се обврзуваме дека слободата нема да биде заборавена – туку чувана, градела и пренесена на генерациите што доаѓаат.
11 Октомври не е само датум. Тоа е срцето на една борба, симбол на непокор, и глас што одекнува: „Македонија живее преку своите херои.“
За многу години.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски кој што е кандидат за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” на овие локални избори.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец
29 годишен жител од Кочани физички ја нападнат неговата сопруга