Денот на востанието на Македонскиот народ денеска беше одбележан на достојно ниво и во Кочани.
По повод 84-годишнината од почетокот на македонското востание, вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски со претставници од Советот на Општина Кочани, и делегации од Сојузот на здружението на борците од НОВ, Здружението на почитувачи на Јосип Броз Тито и на општински партиски ограноци, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на жртвите за слободна Македонија на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.
Честитајќи им го празникот на сите граѓани, Крстевски го истакна значењето на 11 Октомври за самобитноста и самостојноста на македонскиот народ и придонесот на Македонија во победата над фашизмот во Втората светска војна.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево